ЛАЗАРОВ, Лазар (с. Зрновци, Кочанско, 2. Ⅱ 1945) – редовен професор на ФОН во Скопје. Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Кочани и дипломирал на Филозофскиот факултет – Група историја во Скопје (1966-1970). Извесно време бил професор во гимн. „Г. Димитров”, работел во РСВР – Скопје и потоа во ИНИ во Одделението за Народноослободителната војна и најновата историја (1971-2004). Магистрирал на темата „Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на Македонија (1944-1948)” (1975) и докторирал на „Општествено-економскиот развој на НР Македонија (1944-1957)” (1984). Подоцна преминал на работа во ФОН во Скопје (2004). БИБ.: Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на НР Македонија 1944-1948, ИНИ, Скопје, 1979; Зрновци, Кочани, 1980 (со коавтор); Општествено-економскиот развој на НР Македонија во периодот на обновата и индустријализацијата на НР Македонија 1944-1957, Скопје, 1988; ВМРО низ француската документација, Скопје, 1997. ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја, Скопје, 1998, 141-143. С. Мл. ЛАЗАРОВ, Лазар Александров