ЛАЗАРОВ, Диме (Кавадарци, 1918 – Скопје, 30. Ⅳ 2001) – геод. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1967 до пензионирањето во 1983 г.) по предметите од областа на геодезијата. Дипломирал на Техничкиот факултет во Загреб, каде што и докторирал (1964). Бил на студиски престои во Цирих, Лозана и Москва. На Факултетот работел од 1951 г., основач е на Катедрата за геодезија. Бил декан на Архитектонско-градежниот факултет (1967–69) и вршел многубројни други функции, меѓу кои и претседател на Сојузот на инженерите и техничарите на Македонија и претседател на Сојузот на градежните инженери на Југославија. Напишал учебник по предметот геодезија и објавил голем број трудови. Љ. Т. Лазар Лазаров