ЛАЗАРОВ, Александар Глигоров

ЛАЗАРОВ, Александар Глигоров (Кавадарци, 27. Ⅰ 1920 – Скопје, 10. Ⅰ 1990) – гинеколог-акушер, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Учесник во НОБ. Мед. ф. завршил во Белград (1948), а специјализирал гинекологија и акушерство (1953) во Белград и Скопје. Се усовршувал во повеќе Александар Лазаров центри, особено во Германија. Основоположник е на оперативната гинекологија во РМ и едуцирал повеќе генерации лекари-гинеколози. Бил директор на Гинеколошко-акушерската клиника (1975-1983). Објавил над 250 научни и стручни трудови. З. Ⅹ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *