ЛАЗАРОВА, Вања (с. Страцин, Кумановско, 27. Ⅳ 1930) – интерпретаторка на народни песни. Во текот на својот живот извесно време работела во Операта при МНТ, а била член и на Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец”. Испеала над стотина изворни македонски народни песни и речиси сите се снимени во Продукцијата на МРТ („Гукни ми гукни”, „Имала мајка две деца”, „Прошета се Јовка Кумановка” и др.). Настапувала на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт хол во Лондон пред кралицата Елизабета и премиерот Винстон Черчил. Нејзиниот вокал се покажа како особено податлив за синтезите во етномузиката, која доминираше кон крајот на ⅩⅩ в. Посебен придонес има во создавањето на музиката за филмот „Пред дождот” од Милчо Манчевски. М. Кол. ЛАЗАРОВ-КОЊУШКИ, Крсто