ЛАЗАРЕВСКИ, Никола

ЛАЗАРЕВСКИ, Никола (Скопје, 29. Ⅲ 1931 – Скопје, 4. Ⅻ 2002) – филмски сценограф. Од 1953 г. работел во „Вардар филм”, првин како асистент, а потоа како сценограф, архитект, организатор на филм и директор на филм. За македонската кинематографија има реализирано повеќе десетици филмови, меѓу кои се и 23 играни, каде што работел во својство на сценограф. Исто така, има соработувано и на повеќе меѓународни филмски копродукции. За својот обемен опус тој е повеќепати наградуван со стручни и со општествени признанија. В. Масл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *