ЛАГИДИ

ЛАГИДИ (Птолемаиди) – египетска династија од македонско потекло (323 г. пр.н.е. – 30 г. пр. н.е.). Ја основал Птолемај Ⅰ Сотер (323–283), син на Лаг, по кого и династијата го добила името. Второто име го добила по основачот, Птолемај И, кој ја избрал Александрија за своја престолнина. Династијата дала преку дваесет владетели на Египет: Птолемај Ⅱ Филаделф (283–246), Птолемај Ⅲ Евергет (246–221), Птолемај Ⅳ Филопатор (221–204), а од времето на ПтолемајⅤЕпифан (204–180) моќта на Лагидите започнала да опаѓа, започнал период на династички борби, кој траел до паѓањето под римска власт. Последен владетел била кралицата Клеопатра Ⅶ (51–30). Василка Ладинска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *