ЛАГАДИНОВА-АМАЗОНКА, Елена

ЛАГАДИНОВА-АМАЗОНКА, Елена (Разлог, 9. Ⅴ 1930) – најмладата партизанка во Пиринскиот дел на Македонија, доктор по земјоделски науки. Била борец (заедно со таткото и двајцата браќа) во Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов” ( Ⅵ 1944). По војната завршила Земјоделски факултет во Москва и се посветила на научната работа од областа на агрономијата. Автор е на неколку дела. Била пратеник во Народното собрание на НР Бугарија. ЛИТ.: Георги Джоджов (Драго), За кого пеят мурите, София, 1971. В. Јот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *