КУХАЧ, Фрањо Ксавер

КУХАЧ, Фрањо Ксавер (Осиек, 20. XI 1834 – Загреб, 18. Ⅵ 1911) – фолклорист, етномузиколог и композитор, истражувач на јужнословенската народна музика. Како собирач на народно творештво, забележал и мелографирал околу 4.000 народни песни, од кои околу 2.000 и се објавени, а околу 700 се останати во ракопис. Вршел компаративни анализи на хрватските народни песни со другите јужнословенски народни песни. БИБ.: Прилог за повијест глазбе јужнославјанске, „Рад” ЈА, Загреб, 1877–1882; Јужнословенске народне попиевке, И-В, Загреб, 1878-1881 и 1941. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *