КУСОКРИЛЦИ

КУСОКРИЛЦИ (Стапхѕлинидае) – тврдокрилни инсекти со долг абдомен и со куси покровни крилја (елѕтрае). Се хранат со најразличен вид храна; се среќаваат во габи, гнилежи, на мовови, мрши и сл. Во светот се познати преку 20.000 видови, а во Ма-Кусокрилци кедонија се познати само некои видови кусокрилци што живеат во моликови шуми. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *