КУРЦ, Јозеф

КУРЦ, Јозеф (Јосеф Курз) (Прага, Чешка, 3. Ⅱ 1901 – Прага, Чешка, 6. Ⅻ 1972) – чешки славист, унив. проф. Студира на КУ во Прага каде што докторира во 1924 г. (дисертација за Зографското ев.), а со втор докторат (ДрСц) се здобива во 1964 г. врз основа на трудот Студие зе сѕнтаџе јазѕка старослов2нскéхо. Проф. на МУ во Брно и на КУ во Прага. Член на ХАЗУ, иницијатор и носител на бројни проекти и на широка меѓународна соработка, а на прво место на изработка на стсл. речник и цсл. речници, гл. ред. на Словник јазѕка старослов2нскéхо (Праха, 1966–1997). Во научниот опус доминира палеословенистичката проблематика (кирилометодиевски проблеми, византиско-словенски односи, текстолошки и морфо-синтаксички прашања) и интерес кон историјата на словенската филологија (славистика во преродбенскиот и во јагиќевскиот период). Посебно внимание посветува на генезата на сложената деклинација на придавките и на појавата и развојот на членот, на јазикот на Зографското и Асемановото ев. како негов едитор (1929, 1955). Високи научни и педагошки квалитети има неговиот Учебник по стсл. јазик. Библиографијата на Ј. Курц содржи 440 единици. ДЕЛ: (избор) Евангелиариум Ассемани, И, Праха, 1029 (со Ј. Вајс); К Зографскему евангелиу. И. „Славиа”, 9, 1930–1931, 465–489, 673–695; Ⅱ. „Славиа”, 11, 1932, 385–424; К отазце цлену в јазѕцицх слованскѕцх, се звластним зретелем к старословенстине. И. „Бѕзантинославица”, 7, 1937–38, 212–240; Ⅱ. „Бѕзантинославица”, 8, 1939–1946, 172–288; Евангелиар Ассеманув Ⅱ, Праха, 1955; Уцебнице јазѕка старословенскехо, Праха 1969; Капитолѕ зе сѕнтаџе а морфологие старословенскехо јазѕка, Праха, 1972 (избор од трудови со морфосинтаксичка проблематика). БИБ.: Л. Рехацек, Библиографицкѕ соупис ведецкѕцх праци проф. ПхДр. Јосефа Курзе, ДрСц с прехледем јехо цинности, УК Праха, 1968; З. Рибарова, Додаци библиографији Јосефа Курза, „Слово” 38, 1988, 101–107. Зд. Р.