КУРТЕШ, Салиу

КУРТЕШ, Салиу (Салиу Куртесх) (штимле, Косово, 1940) – правник, унив. професор. Основно училиште завршил во родното место, а средно образование во Приштина. Дипломирал на Правниот факултет во Приштина (1965), магистрирал на Правниот факултет во Загреб и докторирал на Правниот факултет во Приштина (1977) на тема „Создавањето, развојот и положбата на САП Косово во југословенската социјалистичка федерација“. На Правно-економскиот факултет во Приштина беше избран за асистент (1965), доцент (1973), вонреден (1978) и редовен професор по Уставно право (1983). Истиот наставен предмет го предава и на Правниот факултет на Југоисточна Европа во Тетово. Бил визитинг професор на повеќе странски универзитети во Европа и Азија. Објавил поголем број трудови и учебници од областа на уставното право. БИБ.: Е Дрејта кусхтетуесе, Тетове, 2002; Контролли гјуљесор и кусхтетутсхмерисе нë боте, Тетове, 2002. Св. ш. – Хат. О.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *