КУНОСКИ, Васил

КУНОСКИ, Васил (Дебар, 20. XI 1916 – Скопје, 13. Ⅵ 1993) – поет за деца. Завршил Учителска школа. Работел како уредник во Редакцијата на „Детска радост” при НИП „Нова Македонија”. Еден од основоположниците на современата македонска литература за деца и младина. Најчесто користејќи Васил Куноски села детска историја која секогаш умее да интригира и да насмее. ДЕЛ: Волшебно ливче, Ск., 1950; Песни, Ск., 1953; Ѓерданче, Ск., 1956; Зајче без опавче, Ск., 1957; Претпразнични вечери, Ск., 1960; Страшно, пострашно и најстрашно, Ск., 1963; Ха-ха-ха и две-три ах, Ск., 1964; Светулки над треви, Ск., 1964; Тошо, Снешка и 101 смешка, Ск., 1970; Оро весело, Ск., 1979; Оро широко, Ск., 1984. В. Тоц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *