КУМАНОВСКА БИТКА

КУМАНОВСКА БИТКА (Зебрњак, Кумановско, 23 – 24. Ⅹ 1912) – решавачка битка во Првата балканска војна помеѓу српската и отоманската војска. Се водела во реонот на с. Младо Нагоричане, Кумановско. Загубите на отоманската армија изнесувале 1.200 загинати, околу 3.000 ранети и 327 заробени војници. На српската страна имало 687 загинати и 3.280 ранети. По оваа битка, српска војска влегла во Скопје, а турската се повлекла кон Битола. В. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *