КУМАНОВСКА БАЊА

КУМАНОВСКА БАЊА – се наоѓа на 3 км југоисточно од Куманово, до с. Проевци, по кое е позната и како Проевска Бања. Бањските објекти се лоцирани од левата страна на Кумановска Река, на надморска висина од околу 300 м. Со Куманово е поврзана преку регионалниот асфалтен пат Куманово–Св. Николе. Досегашните истражувачи се на мислење дека термоминералниот извор на К. Б. се наоѓа на меридијански расед на кој се наоѓаат и Катлановска БаЧленовите од боксерскиот клуб „Куманово” Чешмата во Кумановска Бања ња на југ и Врањска Бања на север. Резервоарот се наоѓа во палеозојски мермери. Изворот е со штедрост од 6 л/сец, а водата е со температура од 30°Ц, што значи дека спаѓа во групата на хипотермални води. По хемискиот состав најмногу содржи натриум, калциум, кобалт, цинк и хидрокарбонати. Поволно дејствува при лекување на нервни болести, заболувања на органите за варење, шеќерна болест и др. Бањата располага со околу 200 легла од кои 90 се во хотелот „Куба”, а постои и олимписки базен. Освен за стационарен престој, Кумановци ја користат и како излетничко место. Ал. Ст. Споменикот Зебрњак за Кумановската битка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *