КУМАНИ

КУМАНИ (Половци) – номадски племиња од турско потекло. Во XI в. продреле од Азија во Европа, населувајќи ги јужноруските степи и териториите во Долен Дунав. Како византиски сојузници, учествувале во битката против Печенезите кај Левунион (1091). Претставувале важен фактор во Второто Бугарско Царство, особено во востанието на браќата Петар и Асен (1185). Потиснати од Монголите (1230), се повлекле во Унгарија, Бугарија и Византија. Никејскиот цар Јован Ⅲ Ватац ги населувал како стратиоти во Тракија, во Македонија и во Мала Азија. Се смета дека по Куманите го добиле своето име градот Куманово и селата Куманичево (Тиквешко и Костурско). ЛИТ.: П. Диацону, Лес Цоуманс ау Бас–Дануее бе ауџ XI ет Ⅻ сиецлес, Буцарести, 1978; Г. Острогорски, О пронијарима Куманима, Зборник Владимира Мошина, Београд, 1977, 63–74. К. Аџ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *