КУЛИШЕВ, Христо

КУЛИШЕВ, Христо (Дојран, 27. Ⅰ 1904 – Скопје, 24. Ⅰ 1983) – спец. гинеколог. Дипломирал медицина во Грац (1930), а потоа бил лекар во Дојран и Космет. Во 1941 г. се вработил во Гинеколошко-акушерското одделение при Градската болница во Скопје. По Ослободувањето работел во Родилниот дом во Прилеп, а од март 1951 г. во Гинеколошкото одделение во Битола. Бил преместен во Здравствениот дом „Идадија” во Скопје, каде што останал до пензионирањето (1974). П. Б.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *