КУЛЕВСКИ, Александар (Прилеп, 16. Ⅲ 1939) – велосипедист. Повеќекратен првак на Македонија во друмско возење на велосипед (1952–1954), државен репрезентативец (1953–1958) и учесник во голем број меѓународни трки во земјата и во странство. На некои од нив постигнал високи резултати во определени етапи, како Анкара–Истанбул – трето мес-то, на Вршич пристигнал прв (1954). Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1955). ВСЈ му доделил златна плакета за 100 постигнати победи (1959), која ја добиле само тројца во земјата. Ѓ. К.