КУКУЗЕЛ, Јован

КУКУЗЕЛ, Јован (Ж(Ⅹ)ерноница – Жировница?, Дебарско, околу 1280 – Света Гора, ок. 1360) – композитор и музички теоретичар. Потекнува од семејство што дава повеќе музички дејци, меѓу кои се и Јован (друг со истото име), Јоасаф и Григориј, но нивната дејност с” уште не е достатно истражена. По потекло е Македонец, роден во селото Џерменци крај Дебар, а не (како што се наведува во неговото житие) во Драч – првото поголемо најблиско место. Рускиот патописец од ⅩⅤⅠⅠⅠ век Василиј Григорович-Барски вели дека К. е роден во селото Џерноница, топоним што најверојатно со текот на времето, исто како и топонимот Џерменци, се видоизменува во сегашниот Жировница, големо село во близина на Дебар. Тој е најголемиот композитор и теоретичар во илјадагодишната историја на византиската и византиско-словенската црковна музика. Како еден од најзначајните реформатори на ис-точнохристијанското пеење и нотација, му се припишува создавањето на неовизантиската, според него наречена Кукузелова нотација, која се среќава во ракописите од ⅩⅤ до ⅩⅠⅩ век. Воведува нов начин на пеење, наречено пападикиско пеење, кое се одликува со пространост во мелодиката, со богати орнаментации и нагласени динамички нијансирања. Негово најзначајно дело е „Големото исо на пападикиското пеење”. Б. Орт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *