КУКУБАЈСКА, Марија

КУКУБАЈСКА, Марија (Штип, 27. Ⅳ 1950) – поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Дипломирала на Филолошкиот факултет (англиска филологија со германски јазик) во Скопје, а специјализирала компаративистика на Универзитетот „Ерланген” во Нирнберг во Германија (1972). Магистрирала на Калифорнискиот државен универзитет „Чико” во САД (1976), добила почесен докто-Марија Кукубајска рат по литература од Академијата за уметност и култура при Светскиот конгрес на поети во Маракеш во Мароко (1984), а специјализирала по медитеранска и малтешка литература на Малтешкиот универзитет во Ла Валета на Малта (1985). Била ангажирана како асистент по креативно пишување на Калифорнискиот државен универзитет; лектор по англиски јазик во Гарјунис универзитетот во Бенгази во Либија; асистент за култура во Културниот центар на Амбасадата на САД во Белград; директор на Американската интернационална школа во Македонија и на Програмата за специјален развој на децата. Учествувала на повеќе меѓународни конгреси, симпозиуми и писателски средби во светот; истражувала и објавувала трудови од областа на книжевната теорија, историја и култура и културна антропологија. Автор е на стихозбирки и бројни преводи од и на разни јазици, па и на и од македонски. БИБ.: Временија и неокрит (1973), Јаглен и дијамант (1975), Соломон и Балкина (монодрама, 1983). Бл. Р. К. Манев: портрет на Јован Кукузел

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *