КУЗМАНОВСКИ, Тихомир Кипров

КУЗМАНОВСКИ, Тихомир Кипров (с. Лазарополе, Гостивар, 21. IX 1931 – Скопје, 20. Ⅳ 2000) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1977). Вработен на Нервната клиника во Скопје (1960-1998). Мед. ф. завршил во Скопје (1958), специјалистички испит (1964), хабилитирал (1974) од областа на електромиографијата. Избран за наставник (1977); долгогодишен шеф на Одделот за општа неврологија и едукатор на бројни кадри невролози во РМ и пошироко. Автор е на повеќе од 80 научни и стручни трудови од областа на неврологијата и неврофизиологијата. Ил. Ⅹ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *