КУГЛАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

КУГЛАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – спортска дисциплина. Отпрвин се одвивало како рекреативна активност (1945–1972). Потоа е основан Кугларскиот сојуз на Македонија (1972), кој е преименуван во Федерација (2002). Прва куглана е изградена во хотелот „Белви” (1975), а потоа и други. Први клубови биле „13 Мај”, „22 Декември”, „Белви”, „Инвалид” во Скопје и др. Натпревари се одвивале по турнирски и по лига систем. На Светското првенство во Брашов (Романија, 2005) Борис Бенедик освоил две златни и еден бронзен, а Дамир Фуќкар бронзен медал. Врвни резултати постигнувале и Елизабета Чолаковска, Викторија Маџаровска, Тодор Манев и други куглари. Д. С.