КРЧОВ, Тома Д

КРЧОВ, Тома Д. (Крушево, 18. Ⅲ 1878 – Софија, 1962) – револуционер, социјалист. Се школувал во Крушево и во Белград. Во Софија се зближил со В. Главинов и Н. Карев (1897) и станал член на Македонската социјалистичка група. Во пролетта на 1904 г. бил избран за член, а од март 1906 г. за претседател на Битолскиот ОРК на ТМОРО. По 1908 г. основал социјалистички клуб во Битола. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна. ЛИТ.: Т. Николов, Спомени из моето минало, Софи®, 1989. Ал. Тр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *