КРЧОВСКИ, Јоаким

КРЧОВСКИ, Јоаким (с. Осломеј. Кичевско, ок. 1750 – 1820) – првиот автор на новата македонска книжевност. Во Кратово учителствувал долго време, а пред тоа учел во Цариград. Од 1787 г. бил назначен за свештеник. Околу 1807 г., по смртта на жената, станал монах. Познат е како проповедник, кој заедно со синовите Ге-Драги Х. Николов: портрет на Јоаким Крчовски орги и Давид Крчовски проповедале по разни цркви и параклиси во Северна Македонија. Првпат отвора мешано училиште во Кратово. Починал на едно од неговите патувања за пробудување и просветување на народот. Своите дела ги создавал како поука за народот, а за да бидат блиски и разбирливи, ги пишувал на народен јазик. Составил пет книги што биле печатени во Будим. ДЕЛ: Слово исказаное заради умирание, 1814; Повест ради страшнаго и втораго пришаствија Христова, 1814; Сија книга глаголемаа Митарства, 1817; Чудеса пресвјатија Богородици, 1817 и Различна поучителна наставленија, 1819.ЛИТ.: Харалампие Поленаковиќ, Никулците на новата македонска книжевност, Ск., 1973; Блаже Конески, Македонскиот 19 век, Ск., 1986; Харалампие Поленаковиќ, Избрани дела, кн. 3, Ск., 1989. В. Тоц.