КРЧИН

КРЧИН – висока планина во Западна Македонија што се надоврзува на север на планината ДеПланината Крчин шат. Се протега во меридијански правец од Сува Бара (2.080 м) на север, до дното на Дебарската Котлина на југ во должина од 13 км. Планинското било е јасно изразено и од него се издигаат повеќе врвови со височина од над 2.000 м. Највисок врв е Голем Крчин (2.341 м), Рудока (2.238 м), Црвена Плоча (2.107 м). Тектонско-геолошки Крчин спаѓа во Цукали Краста зона и е изграден од флишни седименти. На подрачјето на бањата Косоврасти варовниците се заменети со гипс, анхидрит и сулфурни наслаги, а во околината на бањата Бањиште се јавуваат сиво-бели варовници со дебелина од 300 – 400 м. Врз основа на големите резерви на гипс кои се најголеми на Балканскиот Полуостров изградена е фабриката за преработка на гипсот. Т. Анд.