КРСТОВДЕН

КРСТОВДЕН -. христијански православен празник Воздвижение на чесниот крст (27/14 IX). Се празнува во спомен на крстот на кој бил распнат Исус. За подостоинствено празнување, како и за сочувство со Исусовите страдања, црквата определила овој ден да биде строг пост и се смета за тежок празник. Во некои места тогаш се берат лозјата, во други вечерта спроти празникот од полето се носат разни производи (грозје, грав, тикви, компири, лубеници и др.), се варат и се јадат на самиот празник, а од нив утрото во црквата се раздава за здравје. ЛИТ.: Лазар Мирковић, Хеортологија, Београд, 1961; Христо шалдев, Гуменџе, „Македонски преглед”, 2, Софија, 1930. М. Кит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *