КРСТИЌ, Светислав

КРСТИЌ, Светислав (1961) – доктор по биолошките науки, фиколог, основоположник на лабораторијата за истражување на алгите и хидро-екосистемите на Институтот за биологија и прв претседател на Македонското алголошко друштво. Докторирал на тема „Сапробиолошки карактеристики на микрофлората на реката Вардар како показател на интензитетот на антропогеното влијание” (1995). Работи како редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Св. К.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *