КРСТЕВСКИ, Стојан

КРСТЕВСКИ, Стојан (Долнени, Прилепско, 25. Ⅹ 1914 – Скопје, 1987) – виолински педагог. Виолина учел во Битола, Белград (П. Стојановиќ) и во Скопје (Ф. Бауман). Бил наставник во Средното музичко училиште во Скопје и прв директор на Концертната дирекција на Македонија. Во неговата класа се школувале голем број ученици, меѓу нив и некои истакнати виолинисти и педагози. Др. О. Трајче Крстевски КРСТЕВСКИ, Трајче Јованов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *