КРСТЕВСКИ, Младен

КРСТЕВСКИ, Младен (Кратово, 25. Ⅷ 1953) – филмски и театарски актер и режисер. Дипломирал на отсекот за драмски актери на Високата музичка школа во Скопје (1978). Член на Народниот теа-тар во Штип (1978–1979). Од крајот на 1981 г. е во Народниот теа-тар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес, каде што бил и директор (2002–2006). Снимил неколку филмови во сопствена продукција. УЛО.: Раскољников („Злосторство и казна”), Гроф Миливој и Дон Жуан (во истоимените дела), Градоначалникот и Виќа („Сомнително лице”), Татко Иби („Крал Иби”), Паткољосин („Женидба”), Хлестаков („Ревизор”), Дезертерот и Брат Филипе („Порцеланска вазна”) и др. РЕЖИИ: „Гроф Миливој”, „Мечка”; „Брачни понуди” и др. Р. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *