КРСТЕВСКИ, Игњат

КРСТЕВСКИ, Игњат (с. Пожаране, 21. Ⅻ 1906 – Скопје, 1980) – град. инж., вонр. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1972 до пензионорањето во 1977 г.) по предмети од областа проектирање и градење железници. Дипломирал во Белград (1934 г.). Пред доаѓањето на Факултетот (1964) работел на изградба на пруги и на одговорни места во железниците. Напишал неколку книги, меѓу кои и учебници за предметите Железници и Тунели. Љ. Т. Младен Крстевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *