КРПАЧ, Владимир

КРПАЧ, Владимир (Скопје, 19. Ⅻ 1947) – ентомолог, музејски советник во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје. Дипломирал на Природно-математичкиот факултет (Група биологија) во Скопје (1966–1976), по што бил професор во Средно-техничкото училиште „Здравко Цветковски” (1976–1987), а потоа кустос во Одделението за ентомологија на Природонаучниот музеј на Македонија (1978 до денес). Два семестра постдипломски студии посетувал на Загрепскиот универзитет, а магистрирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на ае) во Скопската Котлина” (2000). Докторирал на билошките науки на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Нови Сад на тема „Фауната на осоликите муви (Диптера, Сѕрпхидае) во Македонија” (2006). Бил претседател на Ентомолошкото друштво за истражување и конзервација на биодиверзитетот и одржливиот развој на природните екосистеми во Скопје и член на Македонскиот национален комитет на ИЦОМ. Како кустос учествувал во реализацијата на изложбите „Флората и фауната на поштенските марки на Југославија”, „Во светот на егзотичните пеперуги”, „Флората и фауната на Дојранското Езеро” и „Флората и фауната од збирките на Природонаучниот музеј на Македонија”. Посебно е значајна неговата тематска изложба „Во светот на јаконовите пеперуги” (јуни 2000). Објавил повеќе научни и стручни трудови за таксономијата на инсектите, посебно лебдечките осолики муви (Диптера, Сѕрпхидае), фауната на дневните пеперуги (Лепидоптера: Рхопалоцера), певливите црцорци (Ауцхеноррхѕнха: Цицадоидеа) и др. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *