КРНИЧИУ, Мелпомени

КРНИЧИУ, Мелпомени (Менча Крничева) (Крушево, 16. Ⅲ 1900 – Рим, 12. IX 1964) – Влаинка, атентаторка од ВМРО, сопруга на Иван Михајлов. По Првата светска војна емигрирала во Софија, се запознала со Иван Михајлов (1924) и станала член на ВМРО. Во Виена во Бургтеатарот го убила Т. Паница (8. Ⅴ 1925) и била осудена на 8 години затвор, но „поради лошото здравје“ е ослободена, се вратила во Бугарија и се омажила за Ив. Михајлов (1926). ЛИТ.: Иванъ Михајловъ, Спомени Ⅳ. Освободителна борба 1924–1934 г. (продължение), Индианаполис, 1973; Трит‹ д‹ла Прага–Таборъ–Виена–Милано. Страници отъ борбата на Македони®, Софи®, 1927. З. Тод.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *