КРНИНСКИ ДАМАСКИН

КРНИНСКИ ДАМАСКИН – ракопис од крајот на ⅩⅤⅠ в., најден во манастирот „Св. Пречиста”, Крнино (Кичевско), во 1956 г. Содржи превод на првите 20 слова од зборникот Тхесаурос на Дамаскин Студит; сега се чува во Институтот за мак. јазик, бр. 594. Заедно со киевскиот ркп. бр. 33, пренесен од архим. Антонин Капустин во 60-тите години од ⅩⅠⅩ в. во Киевската духовна академија (сега во Публичната библиотека). К.д. е еден од најполните сочувани ракописи од првиот круг преписи на Македонскиот превод на дамаскинот, направен од еп. Григориј Пелагониски (меѓу 1562-1568). Пишуван е со четлив полуустав на дебела жолтеникава хартија, најчесто со воден знак заокружен ленгер со круг или ѕвезда одозгора, производство од Верона (1579-1583) во обем 31,5 х 21,5, текстот 21 х 11,5 цм. В. подробен опис во Крнински дамаскин (С., 1972). Во јазикот јасно се разликуваат три различни слоја. Во основата ракописот е на црковнослов. што бил употребуван тогаш во нашата црковна средина. Во цитати од Библијата се среќава сето богатство на архаични синтетички форми и партиципски конструкции, но во раскажуваниот текст се зачестени аналитички морфосинтаксички форми. Вториот слој го сочинува еден ограничен број србизми, дојдени преку ресавскиот правопис којшто во тоа време бил заеднички за сите балкански словенски народи, дури и за Романците и Молдавците. Од особено значење за макед. ј. е третиот слој на елементи од народниот говор, до-пуштен под влијание на оригиналот. Во насловите од секое слово Дамаскин Студит нагласува дека текстот е на општ, народен говор, логос коине глоссе; пезеи пхрасеи, л. коинолектос и др. И во Григориевиот превод се проникнати такви фонетски, морфолошки и лексички елементи, типични за макед. ј., кој во ⅩⅤⅠ в. веќе имал поразвиени балканизми (на пр. удвоениот објект) отколку во грч. и во Средногорскиот бугарски превод на дамаскинот. ЛИТ: П. Хр. Илиевски, За макед. превод на дамаскинот, „МЈ”,11–12, 1960–1961, 33–51; истиот, Крнински дамаскин, Институт за макед. ј., Стари текстови, 3, Ск. 1972; истиот, Балканолошки лингвистички студии со посебен осврт кон ис-тор. развој на макед. ј., Ск., 1988, 293–360; истиот, Традиција и новации во макед. црковнослов. книжевни споменици од турскиот период, МАНУ, Скопје, 2005, 83–254. П. Хр. Ил. Мелпомени Крничиу

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *