КРЛИУ, Мети

КРЛИУ, Мети (Дебар, 30. Ⅵ 1923) – политичар и општественик. Бил учесник во НОАВМ (од 1941), член на КПМ (од 1943), член на МК на КПМ во Дебар, а потоа борец на партизански и воени единици: политички комесар на баталјон, член на бригаден Комитет на КПМ и заменик-командант на воено подрачје. По Ослободувањето завршил Виша педагошка школа во Скопје и бил секретар на Верската комисија при Владата на НРМ, персонален референт на Околискиот народен одбор во Скопје, шеф на документацијата на Уредот за информации при Владата на НРМ, директор на осумгодишно училиште, управник на Центарот за професионална ориентација, претседател на Планската комисија на Околискиот народен одбор во Скопје, претседател на Собранието на општината Ѓорче Петров (Скопје), секретар на Општинскиот комитет на СКМ Кале (Скопје), потпретседател на Собранието на град Скопје, член на ЦК на СКМ (избран на Ⅳ Конгрес на СКМ) и член на Секретаријатот на ЦК на СКМ (1970). Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Партиската организација во Дебар во 1943 година, „Слободните територии во Македонија 1943”, Скопје, 1975, 471–479. С. Мл. Лист од Крнинскиот дамаскин (ⅩⅤⅠ в.)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *