КРЛЕЖИ

КРЛЕЖИ (Ацарина) – пајаковидни инсекти. Телото им е со многу мали размери, некои се видливи микроскопски. Редот опфаќа преку 10.000 видови. Живеат на најразлични станишта, главно на копно, но има видови кои ги населуваат и водните средини. Поголем број од Воден крлеж видовите се паразити на разни животни или на растенија. Редот крлежи во Македонија е претставен со 196 таксони (193 видови и 3 подвида), од кои 9Плакат за претставата „Антица” (2. Ⅰ 1940) се ендемични. Поголемиот број припаѓа на групата терестрични крлежи, 123 видови, а помал е бројот на акватични крлежи, 73 таксона (70 видови и 3 подвидови). Во народот попознати се: кокошкиниот крлеж, кучешкиот крлеж и водниот крлеж. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991; Владимир Крпац анд Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23–30; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *