КРИВОПАЛАНЕЧКО-КУМАНОВСКО ВОСТАНИЕ

КРИВОПАЛАНЕЧКО-КУМАНОВСКО ВОСТАНИЕ (1878) – го кренале македонски доброволци од српската војска во Српскоосманлиската војна (1876), на че-ло со месните војводи Јаким Челопечки, Никола Алгунски, Богдан Длибочки и др., во договор со македонските селски и градски првенци од Куманово, Крива Паланка и Кратово. Востаничките акции биле преземени во почетокот на 1878 г. (пред крајот на Руско-турската војна 1877/1878). По добивањето 2.000 пушки од српската армија, бројот на востаниците се зголемил на 3.000 – 4.000 луѓе. Во неколку судири востаниците ја разбиле османлиската редовна војска заедно со башибозукот. Седиштето на востаниците било во манастирите Забел и Карпино. Кон крајот на мај 1878 г., 5.000 османлиски војници со батерија топови, на чело со генера-лот Хавзи-паша, ги разбиле востаниците. Во текот на јуни 1878 г. Османлиите ја реокупирале востаничката територија. Поради теророт, голем дел од месното население се раселило во Србија. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, кн. 2, Скопје, 1969; А. Трајановски, Историја на Македонија, Скопје, 2005. Ал. Тр. Зденко Крижан КРИЖАН, Зденко Стјепанов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *