КРИВОГАШТАНИ

КРИВОГАШТАНИ – село во Прилепско. Се наоѓа во западниот дел на Прилепско Поле, на надморска висина од околу 600 м. Низ селото поминува регионалниот пат Прилеп–Крушево. Тоа е населено со Македонци, а нивниот број изнесува 1.870 ж. Населението се занимава со одгледување на житни култури и тутун. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 9.357 ха, со 13 населени места во кои живеат 6.150 ж. Има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.

Напишете коментар