КРЕСНЕНСКОТО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ

КРЕСНЕНСКОТО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ (5/17. Ⅹ 1878-1879) – востание на македонскиот народ против османлиската власт. Започнало под водство на Димитар Попгеоргиев и војводата Стојан Карастоилов кога била разбиена воената единица и Кресна била ослободена. Востаничките дејства проПечатот на началникот должиле по на Главниот штаб на Кресненското востание текот на река(1878) та Струма и во планинската област Каршијак, каде што била создадена слободна територија и била организирана македонска револуционерна власт. Востаниците основале и коњичка единица под команда на војводите Николица Македонски и Коста Николаев. Од востаничката територија востаничките дејства продолжиле во другите краеви: Џумајско, Мелничко Петричко, Мехомиско (Разлошко) и Малешевско. Во почетокот на ноември краткотрајно биле ослободени Банско и Разлог. На слободната територија била организирана македонска востаничка власт. Бугарскиот државен фактор интервенирал да го спречи самостојниот од на Востанието со отстранување на месното македонско востаничко раководство. Со убиството на авторитетниот востанички војвода Карастоилов и прогонувањето на началникот на Востаничкиот штаб Димитар Попгеоргиев-Беровски, востани-Акт за организационата поставеност на штабот на Кресненското востание (1878) Карта на дејствијата на Кресненското востание (1878&1879) ците биле доведени во положба на целосен пораз. Пред крајот на ноември, со враќањето на востаничката територија на Димитар Попгеоргиев, повторно бил воспоставен редот и единството во раководењето. Пред крајот на 1878 г. и во почетокот на 1879 г. востаниците ја зацврстиле одбраната на ослободената територија. На целата слободна територија биле возобнове-Димитар Беровски ни сите органи на македонската востаничка власт. Се создале услови за ширење на Востанието и негово прераснување во масовно народно востание за ослободување и за создавање автономна или самостојна македонска држава, обврска преземена со Уставот на Македонскиот востанички комитет. Комитетот ги определил и односите со соседните балкански држави, засновани на принципите на рамноправност и немешање во внатрешните работи. Предвидел размена на претставници и одржување „братски” меѓусебни односи со Бугарија и со Србија. Македонскиот востанички комитет бил единствено надлежен да го претставува суверенитетот на востанатиот македонски народ и да ја афирмира целта на Востанието за придобивање на Европа, односно на европските Големи сили да прифатат создавање македонска држава. Но, тие имале спротивни интереси и одлучиле Македонија да се одржува под власта на османлиската држава. Кога станало извесно дека западните и централноевропските Големи сили биле единствени за спречувањето на создавањето на санстефанска бугарска држава, бугарскиот фактор му задал нов, решавачки удар на македонското востание. Водачот на Востанието Беровски бил уапсен и бил отстранет од Востанието. Владата на османлиската држава имала цврсти гаранции од Силите за задржување на Македонија, пред крајот на април употребила моќни сили на редовната армија, ги разбила дезорганизираните востанички единици и воспоставила власт на востаничката територија. ЛИТ.: Кресненското востание во Македонија 1878–1879 година, Скопје, 1982; Македонија во Источната криза 1875– 1881, Скопје, 1978; Правилата–Уставот на Македонскиот востанички комитет во Кресненското востание, Скопје, 1980. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *