КРЕДИТИ, ЗЕМЈОДЕЛСКИ

КРЕДИТИ, ЗЕМЈОДЕЛСКИ – првостепена мерка на аграрната политика во земјоделството. Со комбинација на каматата, рокот на отплата, учеството, намената на користење итн. се одредува целта на кредитирањето како инструмент на аграрната политика. Првиот кредит во земјоделството бил доделен во Германија (ⅩⅠⅩ в.), а за основач се смета Рајфесен. Основна карактеристика на кредитирањето во земјоделството во РМ е што долг временски период беше насочено кон општествениот сектор, а по обем заостануваше во споредба со другите стопански гранки. Поважни странски кредитни линии во земјоделството се: од Меѓународна банка, преку агроиндустрискиот проект „Македонија”, со сума од 7.800.000 УСА $ (1974); од Светска банка, со сума од 4.000.000 ДМ (1996); од Герман-ска банка, за порамнување, со сума од 20.000.000 ДМ (1996); од ИФАД 1 (Интернатионал Фунд фор Агрицултурал Девелопмент), со сума од 7.300.000 УСА $ (1998); од ИФАД 2, со сума од 5.700.000 УСА $ (2002); во пет транши, кредитот за земјоделска механизација и репроматеријали од Владата на Јапонија, со сума од 10.500.000 УСА $ (1997–2001) и др. Др. Ѓош. Станој Иванов Крекмански КРЕКМАНСКИ, Станој Иванов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *