КРЕАСТА, Никола Димку

КРЕАСТА, Никола Димку (Крушево, 1843 – Крушево, 1910) – лекар, револуционер. Медицина завршил во Атина, а потоа бил лекар од општа практика во Крушево. Во Илинденското востание му укажал помош на востанатиот народ. Бил член на Привремениот одбор на Крушевската Република, задолжен за здравствено-хигиенска заштита на населението, заедно со д-р Батали и лекарските помошници Питу Бербера и Ѓушу Пендифранга. П. Б.