КРАПЧЕВ-СТАРИ, Дамјан

КРАПЧЕВ-СТАРИ, Дамјан (Даме) (с. Ивањица, Србија, 1912 – пл. Плачковица, 24. Ⅴ 1944) – комунистички деец и првоборец. Бил студент на Правниот факултет во Белград, член на КПЈ (од 1939) и активист на Спортското друштво „Работнички” во Скопје. Во НОБ учествувал во диверзантската акција на рудникот Радуша (Скопско, август 1941) и бил политички комесар на Првиот скопски НОПО (октомври 1941). По расформирањето на Одредот (29. XI 1941) се илегализирал, а потоа Дамјан Крапчев-Стари бил назначен за политички комесар на Вториот скопски НОПО. На судскиот процес во Скопје (27. Ⅳ – 9. Ⅴ 1942) во отсуство бил осуден на смрт. Извесно време бил борец и во Скопско-косовскиот НОПО (првата половина на 1943), во шарпланинскиот НОПО (летото 1943), во Косовскиот НО баталјон и во Третата македонска НОУБ (од 26. Ⅱ 1944). Загинал во борба со бугарската војска и полиција. ЛИТ.: Крсто Здравковски, Дамјан Крапчев-Стари, Скопје, 1974; истиот, Да не се заборави. Споменици и спомен белези од НОВ во Скопје, Скопје, 1982; М. И., Цвеќе за револуционерот. 44 години од загинувањето на Дане Крапчев, „Вечер”, ЏЏВИ, 7721, Скопје, 25. Ⅴ 1988, 10. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *