КРАЛЕВ, Тодор Панчев

КРАЛЕВ, Тодор Панчев (Штип, 16. IX 1944) – машински инженер Дипломирал во 1968 г. и магистрирал во 1972 на Машинскиот факултет во Белград, каде што станал асистент (1971–1973). Од 1973 до 1975 г. работи при Економскиот институт во Скопје. Од 1975 г. поминал на Електромашинскиот факултет во Скопје во звањето доцент. Во 1981 г. докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Во 1987 г. е избран за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Бил декан на Интердисциплинарни студии по заштита при работа и инженерство на животната средина. Има објавено вкупно 173 научни и научно-стручни трудови: 26 книги, 8 научни теми, 20 труда печатени во списанија, 71 труд презентирани на научни конференции и симпозиуми, 16 студии и анализи, 20 проекти и елаборати, 4 телевизиски и радиосерии. Сл. А. КРАЛИЌ, Бранко (Крк, Хрватска, 12. Ⅷ 1915) – редовен професор, специјалист за организација и економика на шумарството. Дипломирал во Загреб (1938), специјализирал во Франција (1956) и во Германија (1957). На Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје доаѓа како наставник по организација и економика во шумарството и преработка на дрвото (1949). Докторирал во Загреб од областа на економските науки (1956). Неговата „Економика на шумарството на Југославија” (1964) е првиот учебник од таа об-ласт. Бил редовен професор и научен советник на шумарскиот и хонорарен професор на Економскиот факултет во Загреб (1961– 1980). Почесен член на Полското шумарско друштво. Објавил повеќе од 120 труда во домашни и во странски списанија. Ал. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *