КОЊАНИЧКА БРИГАДА

КОЊАНИЧКА БРИГАДА (декември 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од составот на Првиот коњанички дивизион на Гш на НОВ и ПОМ и од борците од другите единици што служеле во коњаницата. Била непосредно потчинета на Гш на НОВ и ПОМ. Во формацискиот состав имала три дивизиони, од кои два коњанички. Заедно со Деветтата и Дваесеттата македонска НО бригада, во март 1945 г. учествувала во чистењето на западниот дел на Македонија од остатоци на колаборационистичките балистички сили. В. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *