КОЉОЗОВ, Борис

КОЉОЗОВ, Борис (Богданци, 1930 – Скопје, јуни 1998) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1980 г.) по предметите од областа на металните конструкции и испитувањето на конструкциите. Се усовршувал во САД (1964/65). Бил декан на Градежниот факултет (1979– 1981). Со темелното познавање на челичните конструкции, имал значајна улога во развојот на металната индустрија кај нас. Љ. Т.