КОЈНОС (Коинос) – еден од најистакнатите војсководци на Александар Ⅲ Македонски во неговиот поход на Исток. Земајќи збор пред говорот на својот крал крај реката Хифас, побарал од него да го прекине походот и да ја врати војската во Македонија. Наскоро потоа, кога македонската војска веќе го започнала враќањето, Којнос ненадејно се разболел и починал, а смртта понекогаш се доведува во врска со неговото противречје кон кралот. За Александар, кој го почестил со раскошен погреб, се вели дека ја оплакал неговата смрт, но сепак „дофрлил дека Којнос само пред неколку дена одржал таков говор како само тој да сака да ја види Македонија”. ИЗВ.: Арриани, Анабасис, Липсиае, 1907; Љ. Цур-ти Руфи, Хисториарум Алеџандри Магни Мацедонис, Липсиае, 1893; Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. К. М.-Р.