КОШУЛЧЕВИ

КОШУЛЧЕВИ -. велешко револуционерно семејство што дало тројца истакнати загинати борци во НОАВМ. Мајката патриотка, антифашистка и носител на Партизанска споменица 1941 Васа Кошулчева (с. Свеќани, Велешко, 8. Ⅵ 1887 – Велес, 1970) ги загубила трите сина: Андре Ристов Кошулчев (Велес, 23. Ⅰ 1923 – с. Фојница, Велешко, 16. Ⅱ 1942), загинал како борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов”; Владо Ристов Кошулчев (Велес, 18. Ⅲ 1912 – с. Дејковац, Скопско, 7. Ⅰ 1943), борец на Велешкиот НОПО „Пере Тошев”, потоа во Велешкиот НОПО „Димитар Влахов”, загинат во борба со бугарската полиција, и Никола Ристов Кошулчев (Велес, 19. XI 1919 – Свети Николе, 6. XI 1944), борец на Осмата македонска (велешка) НО бригада и курир на Гш на НОВ и ПОМ, загинат во германска заседа. ЛИТ.: Велес и Велешко во Народноослободителната војна 1942. Материјали од научниот собир одржан на 9 и 10 ноември 1967 година во Титов Велес, Титов Велес, 1969; Велес и Велешко во Народноослободителната војна од 1943 до 15 мај 1945 година. Материјали од научниот собир одржан на 11 и 12 јуни 1976 година во Титов Велес, Титов Велес, 1977; Д-р Петар Стојанов – Ѓорѓи Малковски, Велес и Велешко во Народноослободителната војна 1941–1945. Спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко, Титов Велес, 1985, 40–41 и 119–120. С. Мл. КРАЈНИЧАНЕЦ, Иван Петров

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *