КОШУЛА, МАШКА

КОШУЛА, МАШКА. – дел од машката народна носија. Била изработена од памук или од коноп, но имало и мелески, ткаени од памук и коноп (од кудељка и бубаќ). Машка кошула Била кроена од два стана (преден и заден), предниште и задниште, ребрници (клинови), колир (јака) и рукави (ракави). Кројот на некои од нив се состои и од дополнително парче поставено на пазувите (ламбарчик или настан). Кај постариот тип, ракавите биле без манжетни. Подоцна овој тип се задржал само кај постарото машко население, а момчињата и ергените почнале да носат кошули затворени и набрани на долниот крај на кошулата, со манжетни (басамаци). Со вез се украсувале басамаците (манжетните), колирот (јаката) и ламбарчиките (пазувите или настанот). Везот најчесто се изработувал со техниката крвчиња, со орнаменти што биле поинакви од оние застапени кај женската кошула. Колоритот на везот кај кошулите наменети за помладото машко население бил Женска кошула Андоновски, Јанко Луковски, во јаки бои – црвена, морова, зелена, застапена била и срмата, а се црнеле со црн конец. За разлика од нив, везот на кошулите за постарото население се изработувал со бел конец, со одредени акцентирани елементи на везот изработени со срма (тељ). Јаката, која кај машките кошули се нарекува колир, секогаш е исправена и на неа ретко има копче. Најчесто се закопчувале (се врзувале) со усукани конци, нашиени на краевите од јаката. Меѓу нив, посебен тип е зетовската даровна кошула, која со посебно внимание ја изработувала секоја девојка. Обичајот налагал секоја девојка на денот на свршувачката да го дарува својот свршеник со бар една кошула, а тој требало да ја носи на денот на свадбата. Ј. Р.-П.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *