КОШАРКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

КОШАРКАТА ВО МАКЕДОНИЈА. Отпрвин се јавува во рам-ките на соколската организација (по 1930). Забрзан развој започнал по Ослободувањето (1945), кога е формирана екипата „Ванчо Прке” во Штип, потоа „Македонија” и „Работнички” во Скопје, „Куманово” и „Работник” во Битола (1949), а подоцна и други. Било одржано републичко првенство за машките (1946) и за женските и младинските екипи (1948). Била организирана Скопската (1945) и Републичката кошаркарска лига (1959). Бил формиран Одбор за спорт на чело со Панче Кошаркарски натпревар Македонија – Хрватска Пандилов (1946) и Кошаркарски сојуз на Македонија на чело со Ацо Петровски (1950), а од неодамна и Федерација (2002). Со изградбата на спортски сали, особено од шеесеттите години, бројот на клубовите и квалитетот на екипите значително е унапреден. Републичкиот првак секоја г. учествувал во натпреварите за првенство на Југославија. Подоцна се формирани првата и вторите сојузни лиги, во кои најуспешна била машката екипа на КК „Работнички” и женската на КК „Студент” од Скопје. За репрезентацијата на Југославија настапувале: Драгољуб Лазиќ, Јован Јовановски, Владимир Боцевски, Драган Радосавлевиќ, Стерули Благоја Георгиевски, Стојна Вангеловска и други. Најуспешни тренери биле: Стефан Тодоровски, Лазар Лечиќ, Александар Књазев и други, а меѓу судиите: Славе Атанасовски, Свето Поповски, Љубомир Фишиќ, Августин Гулевски и други. Кошаркарските екипи од Македонија редовно учествуваат и во европскиот и во светскиот систем на натпреварувања (од 1992). ЛИТ.: 35 години кошарка во Скопје, 1946–1980, Скопје, 1980. Д. С. Димитар Коштанов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *