КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ, Фана

КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ, Фана (с. Лавци, Битолско, 27. Ⅶ 1927 – Скопје, 17. Ⅳ 2004) – првоборец и народен херој. Со неполни 14 години била младинска активистка. Во 1942 г. била партизанка во НОПО „Гоце Делчев”, Фана Кочовска-Цветковиќ младински раководител во НО баталјон „Стиф Наумов” и учесник во Февруарскиот поход. Носител е на Партизанска споменица 1941. Беше најмлад прогласен народен херој на Југославија. По Ослободувањето вршела високи општествени и државни функции. В. В.-В. Јане Коџабашија