КОЧАНСКА КОТЛИНА

КОЧАНСКА КОТЛИНА. Се протега во средишниот дел од долината на реката Брегалница, помеѓу Осоговските Планини од север, Плачковица од југ, Голак и Обозна од исток и ниските ридови спрема Овче Поле од запад. Таа е изградена со поместување за време на олигомиоцените тектонски движења. Спуштена е по должината на два напореднички раседи ИСИ и ЗЈЗ. Зафаќа вкупна површина од 1.020 км². Најниската точка се наоѓа на излезот на реката Брегалница од Кочанската Котлина и изнесува 290 м, а највисоката точка е врвот Руен Кочанска Котлина Кочанска Котлина – оризови полиња (2.252 м). Докази за тектонските движења се појавата на термоминералните извори во Бања и Истибања, како и стрмните отсеци на Плачковица. Дното на котлината зафаќа површина од 11.500 ха, со просечна надморска висина од 330 м. Заради заграденоста на котлината од север и малата надморска височина климата се стреми кон умерено континентална. По долината на Вардар и Брегалница навлегуваат медитерански климатски влијанија. Котлината е позната по одгледувањето на оризовата култура, така што овој регион е најголем производител на ориз во РМ. ЛИТ.: Д. Манаковиќ, Т. Андоновски, Релјефни карактеристики на Источна Македонија, „Географски разгледи”, кн. 17, Скопје, 1979. Т. Анд. Ансамблот „Кочо Рацин” „КОЧО РАЦИН”, АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ОРА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *