КОЦАРЕВ, Ристо

КОЦАРЕВ, Ристо (Охрид, 1925) – основно и средно образование завршил во Охрид. Во 1946 г. се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје на Природноматематичкиот оддел (Група биологија), каде што и дипломирал (1951). Веднаш е назначен за асистент на Катедрата за биологија за предметите Биохемија и Физиологија. Докторирал во 1965 г. Истата година е избран во доцент, во 1970 г. за вонреден професор, а во 1975 г. за редовен професор по предметот Биохемија. Научноистражувачката работа на професорот Коцарев е од областа на физиологијата, биохемијата и фармакологијата, а централно место зазема проблемот на дејството на алкалоидите и стресните состојби. Д. Пр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *